Ѓоковиќ едвај дишеше, ама во два сета дојде до 30-тата победа по ред во Пекинг!
Шесткратниот шампион на кинеската престолнина ја продолжи импресивната низа и стигна до јубилејниот 30-ти триумф во исто толку одиграни натпревари на овој турнир, откако во првото коло го совлада португалскиот тенисер Нуно Боржеш (6-3, 7-6). И покрај позитивниот резултат во мечот кој траеше безмалку два часа, главна причина за загриженост пред продолжението на турнирот претставуваат здравствените проблеми на српскиот ас. Ѓоковиќ, кој моментално е 11-ти на АТП листата, во текот на вториот сет имаше видливи потешкотии со дишењето поради што беше принуден да побара и медицинска помош, но и покрај тоа успеа да пронајде пат до победата.
Популарниот Ноле во следното коло, противник на Новак Ѓоковиќ ќе биде домашниот кинески натпреварувач Јунчаокете Бу.