Ѓоковиќ ги загрижи фановите - откажа турнир во Австралија!
Ѓоковиќ нема да игра на АТП турнирот во Аделаида, Австралија. Тој на социјалните мрежи објави порака во која соопштеи дека не е доволно подготвен да заигра на турнирот кој го освои пред две години.
Сепак, тој нагласи дека целиот фокус ќе го насочи кон подготовките за настап на Австралија опен.
Првиот грен-слем оваа година почнува на 18 јануари.