Ѓоковиќ: Гадно се чувствував, се разбира дека сум загрижен

Новак Ѓоковиќ повторно не успеа да освои трофеј на еден турнир иако одлучи да настапи во Женева, во нешто послаба конкуренција од обично.

Својот пат во Швајцарија го заврши во полуфиналето, а можеби си направи дополнителни проблеми бидејќи во денешниот меч се Махач доживеа и повреда на зглобот на раката. По мечот, Ѓоковиќ призна дека не му се допаѓа ситуацијата во која се наоѓа.

„Се разбира дека сум загрижен, не играв воопшто добро оваа година, освен на неколку натпревари. Работите се такви какви што се. Не се гледам како фаворит во Париз, ќе се обидам да се насочам само на првиот меч на Ролан Гарос. Денеска многу гадно се чувствував“, изјави Ѓоковиќ.

Негов прв противник во Париз ќе биде Ербер од Франција, но ако нешто драстично не смени, Србинот навистина не може далеку да стигне на претстојниот Гренд слем.