Ѓоковиќ елиминиран и во конкуренција на двојки во Доха

Новак Ѓоковиќ, по поразот во сингл-конкуренција од Матео Беретини, загуби и во конкуренција на двојки на турнирот во Доха, Катар.

Ѓоковиќ играше со шпанската легенда Фернандо Вердаско, меѓутоа тие двајца беа поразени од Хари Хелиовара и Хенри Патен со 5-7 и 4-6.

Србинот пристигна на турнирот со голема надеж дека конечно ќе стигне до 100. трофеј во кариерата, меѓутоа ќе мора да почека за јубилејниот пехар.