Ѓоковиќ е на официјалната листа учесници на Австралија опен

Српската тениска икона, Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на учесници за првиот грен-слем турнир во новата година, Австралија опен.

Претходно на Ѓоковиќ му беше укината забраната за влез во Австралија, по што стана јасно дека тој ќе може да учествува на големиот турнир.
 
Ѓоковиќ е петти на листата, пред него се Алкараз, Надал, Руд и Циципас, зад него Оже-Алиасим, Медведев, Рубљов, Фриц и Хуркач. Тоа е истиот редослед од актуелната АТП табела.
 
Српскиот тенисер не настапи на минатиот турнир, австралиските власти со помош на нивниот суд го избркаа од земјата поради прекршување на ковид протоколите. Можеби тоа ќе биде дополнителна мотивација за Ноле по 10. пат да го крене трофејот на Австралија опен.