Ѓоковиќ е класа човек: Му посака брзо опоравување на својот најголем ривал (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ е еден од ретките спортисти кој има одличен однос и со своите најголеми ривали на теренот. Таков е случајот на пример со Енди Мареј, но и со Рафаел Надал. 

Откако Шпанецот вчера излезе од болница по операцијата на десниот скочен зглоб, Ѓоковиќ веднаш се огласи на социјалните мрежи да му посака брзо опоравување.

„Ти испраќам најдобри желби и надеж за брзо опоравување по операцијата пријателе“, напиша српскиот тенисер откако одговори на објавата на Надал, дека операцијата минала успешно.

Ѓоковиќ со фантастичните настапи во втората половина од сезоната успеа да го симне Рафаел Надал од врвот на АТП-листата и по настапот на завршниот мастерс во Лондон, ќе ја заврши годината како светски рекет број 1.