Ѓоковиќ добива неочекувана помош од тенисер кој некогаш му беше - голем ривал!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот во Доха, кој започнува на 17 февруари, а првиот тренинг во главниот град на Катар ќе го одработи со поранешниот шпански тенисер, Фернандо Вердаско.

Тој беше седми на АТП листата и има седум титули во кариерата, потврди дека веќе постигнал договор со српскиот тенисер за заеднички тренинг. Ова предизвика шпекулации во светските медиуми за можната соработка меѓу двајцата, бидејќи Вердаско по завршувањето на кариерата се посвети на тренерската работа. Иако не е потврдено, големо внимание привлекува и прашањето дали Енди Мареј ќе престојува во Доха и дали ќе ја продолжи соработката со популарниот Ноле. Двајцата изразија задоволство од нивната досегашна соработка за време на Австралија опен, но официјална потврда сè уште нема.

Ѓоковиќ и Вердаско имаат богата историја на дуели, со 15 меѓусебни натпревари, од кои српскиот тенисер има 11 победи. Нивниот најпознат дуел беше полуфиналето на Доха во 2017 година, кога најдобриот на сите времиња спаси пет меч топки и на крајот победи, а подоцна во финалето го совлада Мареј за титулата. Шпанецот, познат по својот агресивен стил на игра, освои седум титули и најголемиот успех му е полуфиналето на Австралија опен во 2009 година, кога загуби од Рафаел Надал во пет сета. По крајот на кариерата, кратко работеше како тренер со Онс Жабер и Алехандро Давидович Фокина.