Две минути со најдобриот: Шарапова тренираше со Надал (ВИДЕО)

Русинката Марија Шарапова го прогласи Шпанецот Рафаел Надал за најдобар тенисер на сите времиња.

Шарапова и Надал тренираа заедно на терените во Рим, а Русинката по тренингот постави видео на социјалните мрежи со долга размена на удари, а на крајот таа го освои поенот.

„Две минути на теренот со најдобриот на сите времиња, Рафаел Надал. Бев нервозна“, напиша Шарапова.