Драмата заврши со скандал: Австралија не му одобри влез на Ѓоковиќ!

Една од најпознатите новински агенции Ројтерс штотуку објави дека Австралија не му одобри влез на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој денеска дојде во Мелбурн за да го брани ланскиот трофеј на Австралија опен.

Иако нема сѐ уште официјална потврда, една од најугледните агенции ја објави веста дека Ѓоковиќ после повеќе од седум часа во „имиграциски притвор“, откако не му беше дозволено да влезе во Австралија е одбиен од федералните власти и сега ќе биде депортиран назад со првиот авион.

Ѓоковиќ дојде за да игра на Австралија опен, иако невакциниран, со одобрение од лекарски власти како „исклучок“, но негов влез во земјата на кенгурите му е забранет и драмата со српскиот тенисер завршува со – скандал!

Србинот има право да се жали, но шансите за да се преиначи одлуката, пред да биде официјално напишана е безмалку невозможна. 

Министерот за здравство на Австралија, Грег Хант, објави дека Ѓоковиќ ќе биде депортиран назад зашто не успеал да докаже за исправност да биде „лекарски исклучок“ за да влезе во земјата, а е невакциниран.