Димитров недораснат противник за моќниот Надал!

Рафаел Надал ќе ја брани титулата во Монако, откако денеска го победи Григор Димитров со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-1.

Бугаринот не го почна баш најдобро мечот, откако Надал направи брејк на неговиот сервис уште во вториот гем (2-0), но Димитров се врати набрзо и израмни на 3-3. Сепак, до крајот на сетот Надал покажа зошто е најдобар на земјена подлога и го освои првиот сет со 6-4.

Во вториот сет немаше никакви дилеми за тоа – кој ќе биде победник на денешниот меч, откако Шпанецот направи два брејка на противнички сервис и со сигурни 6-1 го освои вториот сет и се пласираше во финалето.

Својот противник во големото финале ќе го дознае по дуелот меѓу Александер Зверев и Кеи Нишикори.