Циципас стигна до премиерниот мастерс трофеј во кариерата

Стефанос Циципас е новиот шампион на мастерс тенискиот турнир во Монте Карло. 

Грчкиот тенисер попладнево на црвеницата во кнежевството го совлада Андреј Рубљов во два сета со 6-3 и 6-3. За Циципас ова е прв трофеј во кариерата од мастерс серијата. Гркот импресивно го заврши турнирот во Монте Карло, бидејќи неделава не загуби ниту еден сет. 

Во кариерата претходно загуби две финалиња на мастерс турнирите во Торонто 2018 и Мадрид 2019 година. Трофејот во Монте Карло е негов шести во кариерата.