Циципас го „пецна“ Надал: Засекогаш би му забранил да игра на Ролан Гарос!

Стефанос Циципас е еден од најактивните тенисери на социјалните мрежи, а минатиот викенд одговараше на прашањата на своите фанови.

Едно од прашањата за Циципас беше тоа што би забранил засекогаш.

„Рафа да игра на Ролан Гарос“, одговори кратко грчкиот тенисер.

Надал и Циципас досега играа меѓусебе седум пати, а предноста е на страната на Шпанецот, кој доби дури шест натпревари.