„Целта на Ѓоковиќ е да биде најдобар спортист во историјата“

Енди Мареј, кој во моментов работи како тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека приоритет на Србинот му е да стане најдобриот спорист во историјата.

Мареј доби голема задача и ќе се обиде да му помогне на Ѓоковиќ во походот кон нови успеси во светот на тенисот.

„Новак во последните години потврди дека е најдобар тенисер во историјата со рекордите кои ги постигна. Во следните неколку години, ако може на 38-годишна возраст да освои гренслем-трофеј и да ги победи Карлос Алкараз и Јаник Синер во големи натпревари, ќе биде најдобар спортист на сите времиња и тоа е неговата главна цел“, вели Мареј.