Бугаринот Димитров за малку ќе се степаше со навивачи во Шангај! (ВИДЕО)

Бугарскиот тенисер Григор Димитров имаше инцидент во Шангај, каде што за малку ќе се степаше со навивачи кои беа пред теренот.

Димитров, по победата против Алексеј Попирин, сакаше да се пробие низ навивачите, а еден од нив го сопнал, по што Бугаринот се сврте и почна вербална пресметка.

За среќа инцидентот не премина во тепачка бидејќи реагираше и обезбедувањето.