Бекер „распали“: Оставете го Надал на мир да реши за неговата иднина!

Легендарниот тенисер Борис Бекер се налути поради прашањата на новинарите за иднината на Рафаел Надал, кој е пред крајот на својата кариера.

Надал остана без шанса да освои медал на Олимписките игри во Париз, а тоа предизвика нови шпекулации дека Шпанецот ќе се пензионира.

„Оставете го Надал на мир да реши за неговата иднина. Тоа е приватна одлука, тенисот е негова работа и од него живее. Тоа е нешто што го прави целиот свој живот. Му треба време за да донесе одлука“, кажа Бекер.