Барти нема да ја брани титулата на АТП финалето

Првата светска тенисерка Ешли Барти реши да ја заврши сезоната предвреме и нема да настапи на завршниот мастерс турнир идниот месец што ќе се одржи во Гвадалахара, Мексико. 

Тенисерката од Австралија е актуелна бранителка на трофејот на АТП финалето, што последен пат се одржа во 2019 година. Барти нема да настапи во Мексико поради тоа што ќе има проблеми за влез во нејзината татковина и строгите анти-ковид мерки кои се на сила во Австралија.

Таа не сака да ги загрози своите подготовки за Австралија опен во јануари 2022 година.

„Одлуката не беше лесна, но морам да имам приоритети и моето тело да се рекуперира од напорната 2021 сезона. Сакам да се фокусирам на добри подготовки за Австралија опен идната година“, рече Барти во своето соопштение.

Оваа сезона таа освои пет трофеи меѓу кои и Вимблдон, а последен пат играше на Ју-Ес опен, кога испадна во 3.коло.