Австралија опен добива нов датум и сигурно ќе се одржи

Стартот на Австралија опен најверојатно ќе биде поместен од јануари во февруари или можеби март поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. 

Првиот сезонски грен слем турнир традиционално почнува во јануари, но сега околностите се многу поинакви. 

„Уверен сум дека грен слемот ќе се одржи на почеток од 2021 година“, изјави премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрујз. „Точниот датум на одржувањето не се прецизирани, штом имаме повеќе информации ќе ги споделам со јавноста“, додаде тој.

Челниците на Австралија опен засега не даваат коментари околу стартот на грен слемот. Протоколите во Австралија дефинитивно можат да влијаат на датумот на одржувањето на турнирот.

Првичните планови беа тенисерите да пристигнат во Австралија кон средината на декември. Да минат двонеделен карантин, а потоа да почнат да се подготвуваат за грен слемот.