
Анисимова ја шокира Сабаленка и ќе игра за титула на Вимблдон
Сабаленка изврши голем притисок во седмиот гем на сервисот на Анисимова, но таа го „преживеа“ отпорот и го освои гемот (4-3), по што успеа да направи брејк за 6-4 во првиот сет.
Идентично беше во вториот сет, каде што беше забележан еден брејк, и тоа во седмиот гем кога Сабаленка ѝ го одзема сервисот на Анисимова за водство од 4-3, а потоа сервираше успешно за 6-4.
Белорусинката имаше фантастичен почеток на третиот сет и веднаш направи брејк, но потоа почнаа проблемите за Сабаленка, кои знаеше како да ги искористи Анисимова и со два брејка да создаде предност од 4-1.
Сабаленка успеа да врати еден брејк и да намали на 4-5, меѓутоа во следниот гем го загуби својот сервис и Анисимова избори финале на Вимблдон.
Фото: EPA PHOTO