Американска милијардерка стави крај на најубавата тениска бајка во Мајами (ВИДЕО)

Американската тенисерка Џесика Пегула, која важи за најбогата на ВТА турот со оглед што нејзиниот татко има милијарди долари на својата банкарска сметка, избори место во финалето на Мастерсот во Мајами, откако по три сета ја совлада младата Филипинка Александра Еала со 7-6, 5-7, 6-3.

Таа во борба за трофејот ќе се соочи со втората носителка, Арина Сабаленка. Еала, која во Мајами блескаше со победи над три поранешни гренслем-шампионки, со овој успех обезбеди значителен напредок на ВТА ранг-листата и ќе влезе во Топ 100, што ја прави првата Филипинка во историјата со вакво достигнување. Иако успеа да изненади неколку големи имиња, младата тенисерка не најде решение за играта на Пегула, која минатата сезона беше редовна во завршниците на големите турнири.

Натпреварот траеше два часа и 26 минути, а Пегула ја искористи својата искуствена предност за да стави крај на одличниот настап на Еала. Инаку, Еала е дел од академијата на Рафаел Надал и важи за еден од најперспективните таленти во женскиот тенис. Нејзината јуниорска кариера кулминираше во 2022 година, кога го освои јуниорскиот УС Опен.