
Алкараз ќе биде без тренер по финалето на Вимблдон
Веднаш по утрешниот меч, фокусот на Алкараз ќе биде насочен кон Олимписките игри во Париз каде тој и останатите шпански тенисери ќе бидат предводени од селекторот на репрезентацијата Давид Ферер. Фереро заминува на одмор и најверојатно ќе замине во француската престолнина во подоцнежната фаза од турнирот, ако Алкараз стигне дотаму.
Планирано е тој да се бори за златото во поединечна конкуренција, но и со Рафаел Надал во двојки.