Алкараз го збриша Марешан за четвртфинале на Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфинале на турнирот во Индијан Велс, откако славеше против Фабијан Марешан со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3 за 77 минути.

Алкараз беше сигурен на свој сервис во двата сета, а притоа двапати направи брејк во првиот сет и уште еден во вториот со што ја обезбеди победата.

Шпанецот притоа ја оствари јубилејната 50. победа на Мастерс 1000 турнирите и стана втор тенисер во историјата кој успеал да оствари такво нешто пред да наполни 21 година.