
Алармантен крик на Ѓоковиќ: Не сакате да знаете низ што поминувам...
Очигледно српскиот ас има проблеми, но во својата изјава по натпреварот не откри за што точно се работи.
„Не дека не можам да почувствувам радост на теренот, ужувам во натпреварувањето, но не ужувам кога не играм добро. Поради сето наведено, си ставам дополнителен притисок на себе и на својот тим за да бидам подобар на следниот меч. Не е работа на мотивација, туку на тоа што поминувам низ некои работи. Не сакате да знаете детали за она низ што поминувам и што си зборувам себеси“, рече Ѓоковиќ.
Во третото коло, Србинот го очекува дуел со Камерон Нори, но ако нема изненадување, најтешкиот тест до финалето ќе му биде евентуалната полуфинална пресметка со Карлос Алкараз.