Афера или само пријателство: Најсексапилната пијанистка со „опасна“ објава за Ѓоковиќ (ФОТО)

Лола Астанова, која важи за убедливо најсексапилна пијанистка на светот, деновиве си ја исполни најголемата желба и се запозна со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Атрактивната Узбекистанка ја искористи можноста да се фотографира со српскиот ас, а потоа и му посвети објава на Инстаграм од која тој сигурно зацрвенел, а која сигурна донела немир и кај неговата сопруга Јелена.

„Веќе некое време се следиме со Новак на социјалните мрежи, но дури сега добивме можност во живо да се запознаеме. Во животот имав можност да сретнам многу познати личности, но дружењата со најголем дел од нив кај мене оставија горчина бидејќи нивното однесување не го следеа нивните професионални остварувања. Но, кај Ѓоковиќ поимпресивен од спортските достигнувања е неговиот карактер. Тој е скромен, нежен, внимателен. Ти благодарам што си ми инспирација и што можам да те наречам пријател“, напиша меѓу другото 34-годишната Астанова.

На постот на преубавата пијанистка веднаш можеа да се прочитаат и објави во кои постои сомнеж дека помеѓу Узбекистанката и Ѓоковиќ постои и нешто повеќе од обично меѓусебно почитување, особено поради нејзиниот прекрасен изглед.