Јубилејна 70-та победа за Шифрин во Светскиот куп (ВИДЕО)

Микаела Шифрин триумфираше на првата сезонска трка во Светскиот куп во алпско скијање во велеслалом што се одржа денеска во австрискиот ски-центар Зелден. 

Американката до својата јубилејна 70-та победа во кариерата дојде со вкупно време во двете трки од 2;07,22 минути. Зад неа со 14 стотинки заостанување финишираше Лара Гут-Бехрами, додека Петра Влхова беше трета.