Историја: Шифрин стигна до 83. победа во кариерата!

Американската скијачка Микаела Шифрин е победничка во велеслаломот во Кронплац и стана нова рекордерка во Светскиот куп со 83 победи во кариерата.

Второто место ѝ припадна на Лара Гут-Бехрами, додека на третата позиција заврши Италијанката Федерика Брињоне.

Шифрин на овој начин го надмина рекордот на легендарната Линдзи Вон и има една победа повеќе од неа, а до Ингемар Стенмарк ја делат три триумфи.