Шаховска сензација: 16-годишно момче го урна норвешкиот велемајстор Карлсен!

Најдобриот шахист во светот, Магнус Карлсен доживеа неочекуван пораз на турнирот „Бантер Блиц Куп“ и тоа од еден од најперсективните шахисти во светот, 16-годишниот Алиреза Фиружа.

Младиот шахист успеа да го совлада Норвежанецот со резултат 8,5-7,5 и го оправда неговиот прекар „персиски гениј“, а со овој триумф најави и дека во иднина би можел да му биде голем ривал на норвешкиот мајстор.