Маленко останува на чело на ПФМ: Реизбран и на Вонредното Собрание

Александар Маленко е реизбран за претседател на Пливачката федерација на Македонија и на Вонредното Собрание што се одржа денеска на барање на иницијативниот одбор за негова смена. 

Тој ја доби подршката од сите 15 делегати со право на глас, а ниту еден од клубовите кои ја покренаа иницијативата за смена на Маленко не присуствуваше на Собранието. Од вкупно 12 клубови со право на глас, гласале осум клубови, а четири не присуствувале на Собранието. Секој клуб има право на двајца делегати, но Маленко добил 15 од можните 16, бидејќи еден клуб имал присутен само еден делегат.

Сите клубови кои присуствувале на Собранието имале решение за вршење дејност спорт издадено од Агенцијата за млади и спорт и секако се членки на Пливачката федерација на Македонија.

Во Управниот одбор на федерацијата ќе членуваат Александар Кирацовски, Владимир Пејковски, Александар Филипчев, Данило Мициќ, Горан Стојановски, Момчило Антевски, Томи Стефановски и Александар Поповски.