Ледецки продолжува да доминира во базените со нов убедлив светски рекорд!

Само една недела откако го собори светскиот рекорд на 1.500 метри за неверојатни десет секунди, американската пливачка Кејти Ледецки уште еднаш потврди дека е во фантастична форма, откако постави најдобар резултат на сите времиња во трката на 800 метри слободно во мали базени.

Таа на митингот во Индијанаполис, кој е дел од Светскиот куп, патеката ја исплива за 7:57,42, што е за скоро две секунди подобро од досегашниот рекорд.

Досегашниот најдобар резултат беше во сопственост на Шпанката Миреја Белмонте, поставен во веќе далечната 2013 година.