Ледецки го достигна легендарниот Фелпс – 15-ти златен медал на СП во пливање
Ледецки исплива трето најбрзо време во историјата на делницата од 1.500 метри, со 15:26,27 минути и само светскиот рекорд кој го држи од 2018 година и најдоброто време на светските шампионати од 2015 година, исто така во нејзина сопственост, се подобри времиња од ова на СП во Фукуока.
„Среќна сум како заврши, сѐ е ова плод на напорна работа и на извонредни луѓе околу мене. Добро се чувствувам“, рече Ледецки.
Таа има 15 индивидуални злата од светските првенства колку и Фелпс, а е прва пливачка која севкупно има 20 златни медали на светските шампионати.