Ѓуретановиќ последен во квалификациите на 400 метри слободно

Младиот пливач Никола Ѓуретановиќ прво од македонските спортисти се појави на борилиштата во Париз.

Утринава тој учествуваше во квалификациите на 400 метри слободно и го освои последното место. Ѓуретановиќ пливаше во првата група со само петмина пливачи и стигна на целта за четири минути, пет секунди и 38 стотинки, речиси три секунди побавно од личниот рекорд. Трката ја заврши со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки од Мароко.

Ѓуретановиќ има 16 години, а со ова официјално го заврши својот настап на Олимписките игри во Париз.