Трагедија: Познат олимпиец загинал откако го затрупала лавина!

Швајцарскиот сноубордер Уели Кестенхолц, освојувач на бронзен медал на првата олимписка трка во овој спорт, го загубил животот откако бил затрупан во лавина.

Несреќата се случила во неделата во швајцарската долина Лечентал, додека Кестенхолц возел сноуборд, а неговиот пријател скијал.

Кестенхолц го освои третото место во велеслалом во сноуборд на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 1998 година, кога спортот за првпат беше вклучен во олимписката програма.

Фото: EPA