Таен агент на КГБ стана олимписки шампион во Пјонгчанг

Белорусинката Дарија Домрачева е една јунаците на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Не само поради освоениот златен медал на 4х6 километри, туку и бидејќи нејзината приказна е крајно живописна.

Дарја се најде во центарот на вниманието бидејќи порано работела во КГБ (безбедносна служба на Белорусија, која го задржала името од Советскиот сојуз). Затоа и под будно око се следеше нејзината трка во бијатлон, во штафетата на 4х6 километри на Зимските олимписки игри.

Домрачева, заедно со Надежда Скардоно, Џинара Алимбекава и Ирина Кријуко стигна до златниот медал. Така таа стигна до шестото одличје на Игрите, а многумина се шегуваат дека многу ѝ помага искуството кое го има вон патеката. Инаку, таа беше агент на КГБ до 2014 година.

Многу навивачите се шегуваат дека ѝ било лесно да победи, бидејќи во бијатлон најзначајно е трчањето, пукањето и самоконтролата, а тоа се карактеристика на еден добар агент. Како и да е, Дарја се прослави на ЗОИ, ѝ го донесе на својата земја златниот медал и се најде во центарот на вниманието на светската јавност.