Спектакуларна церемонија на отворање на Олимписките игри: Македонското знаме блесна во Париз

Македонската спортска експедиција беше претставена на вечерашното спектакуларно отворање на Олимписките игри во Париз.

Органнизаторот смисли оригинален начин на претставување на државите учесници. Место традиционалното дефиле на олимписки стадион, екипите се претставуваат на бродови на кои се сместени спортистите.

Македонскиот екипаж брои шест спортисти, плус нивните тренери, а знамето го развиорија Дарио Ивановски и Мила Рељиќ. Со нас на бродот беа и малубројните експедиции на Луксембург и Мадагаскар.