Спектакл во Италија: Почна церемонијата за отворање на ЗОИ (ВИДЕО)

Вечерва почна церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Италија, а истата се одржува на „Сан Сиро“ во Милано. Додека главната програма се одвива на култниот фудбалски стадион, паралелно ќе има церемонија и во Кортина.

Почна и парадата на спортистите од земјите кои учествуваат на Олимписките игри, а пренос може да се следи на МРТ.

Македонија ќе настапи со четири натпреварувачи, и тоа Ана Цветановска во нордиско скијање, Јана Атанасовска во алпско скијање, Ставре Јада во нордиско трчање и Виктор Петков во велеслалом.

Фото: EPA