Создаден е во доцниот среден век, а денес е еден од спортовите на ЗОИ!

За некои е досаден, но за некои е многу интересен спорт, а на овие Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг беа видени многу возбудувања, како и контроверзии, како што беше допингот на рускиот карлинг натпреварувач Александер Крушелницки.

Постојат докази дека овој спорт е создаден во 16. век во една од најубавите земји во светот, Шкотска, а потоа се проширил во земјите низ Северна Европа, кои биле богати со езера. Луѓето се собирале на замрзнатите езера и фрлале камења по ледот, а исто така со „метење“ се отстранувал снегот, кој паѓал за време на игрите. Набрзо се прошириш во Шведска, Норевшка, Швајцарија, но и во САД и Канада.

Најстариот карлинг клуб е создаден во Единбург, Шкотска во 1838. година и се вика Ројал Калдеонијан Карлинг Клуб, а Светската карлинг федерација го нарече „Мајка на сите карлинг клубови“. Во 19. век биле оддржани и првите меѓународни натпреварувања, а денес се смета за многу напреден и комплициран спорт.

Играта изгледа комплицирана, но всушност е едноставна, доколку се потрудите да ја разберете. Тимовите се состојат од четири играчи и секој играч фрла два камења, а распоредот е следен – еден играч фрла камен, двајцата ја чистата површината (ако е потребно), а четвртиот се наоѓа на место, кое се состои од неколку обоени кругови, па покажува кој удар треба да се одигра, всушност ја води играта.

Откако ќе се исфрлат сите 16 камења завршува еден т.н. „енд“, а натпреварите се играат на шест, осум или десет „ендови“. Камењата на тимовите се фрлаат наизменично, а бодовите ги освојува тој, чиј камен се наоѓа најблиску до центарот.

Комплицираната физика на „метење“

Најголемите „ѕвезди“ во овој спорт се всушност играчите, кои го пуштаат последниот камен. Тие со своите удари можат да станат херои на својата држава, но многу лесно можат да се претворат и во трагичари.

Од самите почетоци на овој спорт до денес, овој дел од играта е изменет. Каменот за карлинг е тежок 20 килограми, а се произведува во една фирма во Шкотска и цената му изнесува 1000 евра. Замрзнатата површина по која патува е долга 45 метри и мора да биде рамна. Каменот секогаш се пушта со ротација, односно додека оди до својата дестинација, тој се врти во насока на стрелките на часовникот или обратно. Со силно и брзо „метење“ се загрева површината пред каменот во движење и се намалува триењето помеѓу него и мразот, па на тој начин продолжуваат неговите патувања.

Верувале или не, но за овој дел од играта во карлинг се напишани голем број научни трудови зашто истиот е многу комплициран.

Во службената листа на Олимписките игри, карлингот дебитира во 1998 година во Нагано, Јапонија, а се појавил и на првите Зимски олимписки игри во 1924. година во Шамони, Франција.