Скандал во Грција: Олимписка шампионка била силувана!

Олимписката шампионка во едрење, Софија Бекаторuу се појави пред државниот обвинител во Атина поради тврдење дека човек од Грчката федерација за едрење сексуално ја нападнал во 1998 година, кога таа имаа 21 година.

Бекатору го освои златниот медал на Олимписките игри во Атина во 2004 година, а обвинувањата ги кажа минатата недела, кога зборуваше на еден настан организиран од Владата.

„Се надевам дека ова ќе им помогне на другите жени да зборуваат за нивните сексуални злоупотреби за да може нашето друштво да стане поздраво и за да има помалку страв“, кажа олимписката шампионка.

Лицето кое е обвинето за сексуалниот напад ги негирал обвинувањата, а засега неговиот идентитет не се открива во јавност.