Серва освои златен медал за Канада во ски-крос!

Скијачката од Канада, Келси Серва освои златен медал во ски-крос на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

За Серва ова е втор медал на Олимписките игри (ОИ), откако во Сочи пред четири години во ски-крос освои сребрен медал. Тогаш златниот медал ѝ припадна на Маријел Томсон, која оваа година беше елиминирана уште во осминафинале.

Зад Серва заврши нејзината сонародничка Фелан и стигна до првиот медал на ОИ додека до бронзениот медал стигна светската шампионка во ски-крос од 2013. година Смити од Швајцарија.