Се одложува ИКАС 2026, ќе се прави ремонт на турбина на ХЕЦ Матка
Причина за одложуваањето како што соопштија е ремонт на една од турбините на ХЕЦ Матка.
„Одлуката е донесена поради технички причини, односно тековен ремонт на една од турбините на ХЕЦ Матка, што оневозможува обезбедување доволен и стабилен проток на вода на натпреварувачката патека, што е неопходно за безбедно и регуларно одвивање на натпреварот“, стои во објавата.
Исто така тие потврдија дека резервациите кои дел од натпреварувачите веќе ги направиле нема да пропаднат и ќе важат и за во септтември.
„Организацискиот одбор, заедно со сите надлежни институции, ќе преземе сите потребни активности за во септември ИКАС да се одржи во уште подобри услови, со поголема масовност и поквалитетна организација. Министерството за спорт и оваа година ја потврдува својата финансиска поддршка за реализација на ИКАС“, се додава во соопштението.