Рељиќ се врати со бронзен медал од Европскиот куп во Нирнберг
По пет борби, таа освои бронзен медал на Европскиот Президент Г-3 куп во Нирнберг, Германија. Со почетокот на новиот олимписки циклус од 1 јуни 2026 година, овој медал носи дополнителни поени за олимписката ранг листа. Во полуфиналето Мила загуби од Олимписката шампионка Вивијана Мартон од Унгарија.
Сепак, најважно е тоа што Рељиќ освои значајни бодови во борбата за пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.