Прв освојувач на медал во Париз е - Казахстан

Рано утринава почнаа натпреварувањата на Олимписките игри во Париз, а веќе е освоен и првиот медал на најголемата спортска манифестација.

Освојувач е Казахстан чиј мешан тим во стрелаштво дојде до третото место и бронзата во пукање од 10 метри. Ова е прв медал за Казахстан на Олимписките игри по пауза од 28 години, односно по Атланта 1996.

Во оваа конкуренција продолжи борбата за златото и среброто, а што се однесува до Казахстан, има уште неколку адути за медал на овие Игри.