
„Прегазените Исланѓани тренирале на сопствена одговорност – надвор од правилата и нормите!“
Несреќата се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце. Според полицијата, инцидентот бил пријавен вчера, а се случил додека велосипедистите се подготвувале за денешната трка.
Јавноста го осуди организаторот за овој инцидент, но македонскиот триатлонец и поранешен член на Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет, Стојан Поповски тврди дека ситуацијата не е баш таква каква што е претставена и дека голема вина имаат повредените велосипедисти затоа што не ги почитувале протоколите за тренинзи.
„Пред да заклучите и нападнете треба МНОГУ добро да се информирате за настанот. Како долгогодишен, се уште активен спортист на меѓународни натпревари многу добро ЗНАМ и сум СВЕСЕН што значи да правиш тренинг на СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ надвор од сите пропишани правила и норми кои претходно јасно и гласно на технички состаноци и брифинзи, секако и писмено до секој тим, тим лидер, менаџер и учесник поединец (репрезентативец) се кажани и доставени. Голем дел од тимовите, со исклучок на 3 репрезентации не го испочитуваа зададениот тајминг за целосно обезбеден тренинг под силно полициско обезбедување кое најодговорно ви ТВРДАМ дека не дозволи пиле да прелета на сите критични точки, не па автомобил на стаза. Тоа е потполно право на тимовите, менаџерите, тренерите и секако на спортистите (иако правиме муабет за малолетни момчиња и девојки) да излезат на стаза на своја СОПСТВЕНА одговорност. Во тој случај не постои начин како полиција, обезбедување, судии, чистачи итн…да ви гарантираат било каква безбедност, особено што станува збор за специфична поставеност на траса која е блиску до граничен премин, кој во пропишаниот временски интервал за тренинг беше КОМПЛЕТНО 100% стопиран“, напиша, меѓу другото, Поповски.
Повредените спортисти биле префрлени во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди.