Потпиша за 700 милиони долари, но државата веднаш ќе му земе – повеќе од пола!

Јапонецот Шохеи Охтани (29) го потпиша најголемиот договор во спортската историја, откако се обврза да игра во следните десет години за ЛА Доџерс во МЛБ бејзбол лигата за што ќе инкасира вкупно 700 милиони долари!

Огромната сума пари ја доби поради предавство, со оглед што досега играше за ЛА Ејнџлс, чии навивачи нема да му простат што направи трансфер во градскиот ривал. Веста за неговиот договор и одлука „експлодираше“ ширум светот, сите ја анализираа нереална сума на пари. Така е откриено колку Јапонецот точно ќе заработи од споменатата сума.

Тој според договорот треба да добива 70.000.000 долари годишно, но тоа нема да се случи и тоа поради даноците. Од неговата плата дури 25,9 милиони ќе бидат уплатени во федералниот данок, 4,65 милиони за државниот данок на Калифорнија, 2,1 милиони припаѓаат на агентот и има уште два вида даноци кои одат на вкупно 3,64 милиони. Тоа значи дека тој ќе заработува 33,6 милиони долари годишно, бидејќи повеќе од половина одат на тие даноци.

За Охтани беа заинтересирани и многу други клубови, како Торонто Блу Џејс, Сан Франциско Џајантс, Чикаго Кабс и да избрал било кој друг тим од држава која нема толку строги даночни правила како Калифорнија, на пример Флорида или Тексас, би платил многу помалку за даноци што автоматски значи дека ќе му останат уште повеќе пари.