Политиката над спортот: Инцидент меѓу натпреварувачи на Северна и Јужна Кореја
Стрелците на Северна Кореја по неизвесна борба останаа без златен медал во директен дуел со Јужна Кореја, а по доделувањето на медалите се симнаа од подиумот, а потоа го свтеа грбот кон ривалите и нивното знаме.
Потоа одбија да останат на местото за заедничко фотографирање, а за разлика од нив натпреварувачите од Јужна Кореја се обидоа да разговараат со нив, но обидите беа неуспешни.
Северна Кореја претходно беше суспендирана од страна на Меѓународниот олимписки комитет, а не беше учесник ниту на летните и зимски Олимписки игри.