Почина проф. др Милош Вучидолов

Во Скопје на 87-годишна возраст почина еден од најпочитуваните македонски универзитетски професори, д-р Милош Вучидолов кој има значителни заслуги за успехот на многу македонски спортисти во времето на Југославија и по нашето осамостојување.

Професот д-р Милош Вучидолов беше значајно име за македонскиот спорт, тој е заслужен за успесите на многу македонски спортисти уште од времето на Југославија.
 
Вучидолов дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 1963 година, а специјализира спортска медицина во 1977. Раби во Здравствениот дом како лекар и во Заводот за спортска медицина во Скопје (1963–1981). Беше предавач и редовен професор по предметот Хигиена на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981–1998). Докторира на овој Факултет (1992), на тема: „Следење на промените на физиолошко-биохемиските варијабли во крвта во организмот на спортистите–борачи слободен стил“. 
 
Долги години беше спортски лекар на олимписките репрезентации на Југославија и Македонија во периодот од 1984 до 2006 година.
 
Во животот има добиено бројни признанија и награди, една од најважните беше Државната награда „8 септември“ за животно дело.