Олимпискиот пламен во Милано стигна и до Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ денеска го носеше олимпискиот пламен низ улиците на Милано каде што вечерва ќе бидат отворени Зимските Олимписки игри.

Во текот изминатите 63 дена пламенот помина 1.200 километри денеска да пристигне на местото на одигрувањето на игрите.

Ибрахимовиќ кратко беше со пламенот, а во таа прилика испрати и поддршка од олимпијците на Шведска кои ќе настапат во Милано Кортина.

Церемонијата на отворањето вечерва почнува во 20:00 часот.