Неочекувано: Ѓоковиќ и Јокиќ ќе го пропуштат отворањето на Олимписките игри!

Спортските вљубеници кои ќе се најдат во Париз, но и тие крај малите екрани пред самиот почеток на Олимписките игри добија помалку тажна вест, а тоа е дека двајца од најголемите ѕвезди на овој спортски спектакл, Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ нема да се најдат на вечерашното свечено отворање на реката Сена.

Причина за ова, засега неофицијално, е големиот проблем со превозот со кој се соочува денеска организаторот, поради што само тројца од кошаркарскиот тим на Србија ќе бидат дел од отворањето, а меѓу нив нема да биде МВП кошаркарот во НБА. На дефилето речиси сигурно ќе го нема и најдобриот светски тенисер на сите времиња, но од нешто поинаква причина. Ѓоковиќ веќе утре го има првиот меч на олимпискиот турнир и тоа како на теренот „Филип Шатрие“, што значи дека ќе треба да настапи околу 13.30 часот. Поради ова, ќе му треба добро да се одмори и наспие, поради што ќе го нема на отворањето на ЛОИ.

Овој најсвечен чин на едни Игри ќе го прескокне и македонскиот пливач, Никола Ѓуретановиќ и тоа од идентична причина како популарниот Ноле – веќе утре го има својот настап во базенот и тоа во трката на 400 метри слободно.