На два часа пред почетокот на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз, малата македонска експедиција е подготвена за дефилето на кое ќе учествуваат речиси сите спортисти.

Нашите претставници добија табли со кои ќе излезат, а на нив ја нема придавката „Северна“, туку само кодот МКД.