Легендарен фудбалер ограбен на ЛОИ во Париз – останал без 500.000 евра!

Легендарниот фудбалер Зико синоќа бил ограбен во Париз, каде што пристигнал како член на делегацијата на Бразил на Летните олимписки игри (ЛОИ) во француската престолнина.

Тој излегол од хотелот со такси носејќи часовник Ролекс, дијамантски ѓердан и многу пати во ташничката, кога разбојниците го надмудриле и него и таксистот кој требал да го вози. Додека едно лице му го одвлекувало вниманието на таксистот, друго ги украло неговите работи од задниот дел на возилото. Се проценува дека работите во ташничката вределе околу 500.000 евра.

Француските власти веднаш почнале истрага за лоцирање на сторителите. Зико важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Неговата кариера траеше од почетокот на 1970-тите до почетокот на 1990-тите, а клубот во кој се прослави беше бразилски Фламенго.