Канада остана без медал, Швајцарија стигна до трета бронза

Карлинг репрезентацијата на Швајцарија освои бронзен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако во борбата за медал ја победи Канада со 7-5.

Швајцарите го превземаа водството, па на половина од мечот водеа со 4-2. Се обидуваа шампионите од Сочи во продолжението да се вратат, па во осмата рунда стигнаа до 6-5, но Швајцарците останаа мирни и го задржаа водството.

Трет бронзен медал во историјата на Швајцарија освоија Шварц, Пец, Круз, Тане и Мерки. Претходно Швајцарците освоија златен медал од Олимписките игри во 1998. година, а пред четири години во Сочи беа пласирани на осмата позиција.