Игра за злато, ама веќе најголемиот успех го направила – го победила Ѓоковиќ

Српската ѕвезда Новак Ѓоковиќ вчера во неколку часа успеа да загуби две полуфиналиња, прво во сингл, па во мешани двојки и да остане без шанса да игра за златен медал на Летните Олимписки игри во Токио, а за Русинката Елена Веснина која игра за злато веќе најголемиот успех го направила.

Веснина во пар со Аслан Харачев го добија полуфиналниот микс-дубл Ѓоковиќ-Нина Стојановиќ, па Русинката без оглед што има шанса да го освои најпосакуваниот медал за неа победата нас српската ѕвезда е – успех на кариерата.

„Мене сонот ми се оствари да играм против Новак Ѓоковиќ, па уште и да го победам! Се вратив од пензија и ова баш – вредеше!“, рече Веснина.